На Венизелос не му се допаднала позадината на Министерството за надворешни

 

Шефот на грчката дипломатија и претседавач со Советот на министри на ЕУ, Евангелос Венизелос, избегна да даде заедничка изјава со шефот на македонската дипломатија Никола Поповски по средбата која ја имаа во просториите на министерствотоз а надворешни работи во Скопје.

Венизелос при посетата на соседните земји неизбежно излегуваше на заедничка прес-конференција со своите колеги министри.

Прашан за причините зошто изјавата ја дава сам, Поповски пред новинарите одгвоори дека на венизелос најверојатно не му се допаднала позадината пред која треба да се застане за изјава а на која стојат македонското и европското знаме и натписот- „Министерство за надворешни работи на Република Македонија“.

„Мене на пример многу ми се допаѓа, навистина е убава, мислам дека тоа е прашање на вкусови“, рече духовито Попоски и информираше дека со грчкиот колега разговарале за за плановите на грчкото претседателство со ЕУ и за економски теми, но не и за спорот околу името.

 

20.02.2014 - 12:21
Фото: 
MIA.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега