ФОТО: Венизелос на средба со Бесими
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими денеска оствари средба со Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Грција и претседавач со Советот за општи работи на Европската унија Евангелос Венизелос.
Бесими му посака добредојде на Ванизелос оценувајќи ја посетата како одлична можност да разговараат за евроинтеграциите и зајакнување на соработката. Од страна на Ванизелос беа презентирани приоритетите на грчкото престедавање со Советот на ЕУ. Притоа, Бесими му посака успешна реализација на зацртените приоритети и потенцира дека тоа е важно и за Македонија имајќи предвид дека полноправното членство во Европска Унија претставува стратешки приоритет за Република Македонија.
Исто така, Бесими укажа на потребата и значењето на забрзување на процесот на европска интеграција на Република Македонија и на земјите од Западен Балкан, во рамките на позитивниот дух на Солунскиот Самит 2003 и Стратегијата за проширување на ЕУ за Западен Балкан 2013-14. На состанокот се дискутираше степенот на реализација на декемвриските заклучоци на Советот на ЕУ. Во таа насока, Бесими укажа на значењето на Политичкиот дијалог на високо ниво – ПДВН, како и заложбите кои ги превзема Владата на Република Македонија од аспект на реформите и унапредувањето на добрососедските односи во однос на отворените прашања со цел започнување на преговорите со ЕУ и забрзување на евроинтеграциите.
Бесими истакна дека Република Македонија прави напори, и понатаму ќе продолжи со активностите за постигнување на резултати за да обезбеди одредена динамика и континуитет во демократскиот развој, со што очекуваме зголемена доверба кај земјите членки. Меѓу позначајните реформи од изминатиот период тој ги истакна: напредокот во однос на законодавната рамка за медиуми и унапредувањето на дијалогот со новинарите, консензуалното донесување на измените на изборниот законик, донесените закони во делот на реформа на јавната администрација, активностите за намалување на невработеноста со посебен фокус на младата популација. Тој информираше и за имплементацијата на Охридскиот Рамковен Договор како и значењето на одржување на добрите меѓуетнички односи. Бесими информираше и за усвојувањето на Предпристапната економска програма за периодот 2014-2016, како и за плановите за подготовка на национален документ за конкурентност.
На состанокот се разговараше и за продлабочувањето на економската соработка, каде што Република Грција беше истакната како еден од нашите најзначајни трговски партнери и еден од најголемите странски инвеститори во Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа