Попоски и Венизелос разговараа за спорот со името

 

Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, кој вчера допатува во Скопје, оствари средба со министерот за надворешни работи Никола Попоски. За време на сребата се дискутирало за спорот за името.

- Да, секако. Од наша страна е прашање за кое мораме отворено да дискутираме бидејќи знаеме дека е тоа клучната пречка која ни е поставена кон ЕУ и кон НАТО. Не верувам дека во моментов има политичка клима за суштинска посветеност од другата страна на ова прашање за придвижување напред. Ние во секој случај ќе бидеме посветени на она што е во доменот на наша контрола, а тоа се сите реформи кои ги правиме за подобра Македонија. Ќе останеме отворени за дијалог во секој момент, на секое место и во секој формат, рече министерот Попоски на новинарско прашање дали на средбата со Венизелос станало збор за името.

За тоа зошто Венизелос само во Скопје не одржува заедничка прес-конференција со шефот на дипломатијата на земјата која ја посетува во рамки на неговата балканска турнеја, Попоски со став дека тоа „е можеби затоа што не му се допаѓа позадината“, и оти во прашање „се вкусови“, мислејќи притоа на паното на кое се испишани официјалното име на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи пред кое се одржуваше прес-конференцијата.

По средбата со Попоски, Венизелос се сретна и со Фатмир Бесими.

20.02.2014 - 11:37
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега