Кој ги собра наградите на Златната бубамара на популарноста?

 

За време на 17 издание на Златната Буба Мара на популарноста, цела Универзална сала како и екоја претходна година, ечеше од смеа.

Како што јавува Нетпрес, овојпат легендарниот Сашко Коцев ја изнасмеа публиката со актуелните теми како бесплатното скијање за сите пензионери, маглата која царуваше во Скопје и Даниел Кајмакоски.

Наградата за трајни музички вредности заслужено припадна во рацете на Драган Каранфиловски- Бојс кој со својата „Валерија“ не’ врати години наназад, додека за спортист на годината е Илина Арсова. Претставата „Вечна куќа“ ја доби наградата за најдобра претстава, Зоран Џорлев за албум на годината. Препознатливата Сара Мејс, според академијата на Бубамара е најперспективна пејачка. А Даниел Кајмакоски со својот прекрасен глас и талент заслужено си замина со наградата откритие на годината.

И Баба Рада доби награда за нејзината емисија. Тамара Тодевска ја доби Златната Бубамара за пејачка на годината, а Атанас Атанасовски и Валентин Костадиновски добија награда за најдобри актери.

На сцената се појави и мега-популарнатаСеверина која ги отпеа своите хитови.

20.02.2014 - 11:28
Фото: 
радиомоф

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега