Неделава грипот зема замав во Кочани
Последнава недела е забележано рапидно покачување на бројот на заболени од грип во Општина Кочани.
Само во последната седмица се забележани уште нови 97 пријавени случаи на заболени од грип.
- Од оваа бројка најмногу се во категоријата од 15 до 64 години, каде таа изнесува 76, од кои 11 се од категоријата повозрасни од 65 години, 9 се на возраст од 5 до 14 години, а 1 е до 4 години возраст.Состојбата со грипот редовно се следи, истакнува Благица Ѓурковиќ, директор на Заводот за јавно здравје во Кочани.
20.02.2014 - 09:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа