Пратениците денеска со полни раце работа

 

Македонското Собрание денеска ќе ја продолжи 85. седница.

Како што информираат од собраниската прес-служба, пратениците ќе расправаат за дополнетиот Предлог-закон за електронските комуникации,ѓ во второ читање, како и за дополнетите предлог-закони за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина и на Законот за здравствената заштита, сите во второ читање, како и дополнетиот предлог-закон за дополнување на Законот за земјоделското земјиште.

На барање на Владата, на дневен ред се ставени и голем број закони, по скратена постапка, а имаат за цел усогласување со Законот за јавна администрација.

Пратениците треба да расправаат и по Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2014 година, Предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест за 2014 година што Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување го наплатува од пензиските друштва, Предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за измена на Одлуката за утврдување на висината на надоместоците што Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување ги наплатува од пензиските друштва, Годишниот финансиски план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2014 година.

20.02.2014 - 09:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега