Советување за бременоста и нејзино планирање
Најзначајни информации за бременоста, нејзиното планирање и породувањето, ќе можат да добијат учесниците на едукативната работилница што во организација на „Лулка“ ќе се одржи денеска во Скопје.
Работилницата е наменета за бремените жени и нивните партнери од Скопје и околината, но и за младите кои допрва ги чека одлуката за формирање семејство.
Младите, сметаат од „Лулка“, треба да ги знаат основните информации за бременоста, за да имаат посакувана и планирана бременост кога за тоа ќе бидат подготвени.
20.02.2014 - 08:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа