Венизелос денеска во Скопје
Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, во рамки на неговата турнеја низ шест главни градови на земјите во Западен Балкан, денеска е во Скопје на средби со македонскиот државен врв.
Во својство на претседател на Советот на министри на ЕУ, Венизелос треба да оствари средби со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, со шефот на дипломатијата Никола Попоски, како и со лидерите на ДУИ Али Ахмети и на СДСМ Зоран Заев.
Венизелос пристигна во Скопје синоќа, со автомобил од Приштина. Според грчките медиуми, грчката делегација избрала да патува со автомобил наместо со авион, „за да не мора да слета на аеродромот кој се вика Александар Велики“.
Грчкиот министер за надворешни работи ќе се врати во Приштина од каде што со авион ќе замине за Тирана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа