Лоша вест за викендот кој следи

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот облачноста постепено ќе се зголемува. Во утринските часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на слаба магла. Претежно ќе биде тивко, а наместа ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната од 16 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе има зголемување на облачноста, а претежно ќе биде тивко. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Од утре дневната температура постепено ќе опаѓа и облачноста ќе се зголемува. Во петок и за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со локален дожд

20.02.2014 - 00:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега