Поставен нов пункт во Скопје за наградата „Фискална во рака награди без мака“

 

Во центарот на Скопје, пред продажното место МПМ ПРЕС, е поставен нов пункт каде граѓаните можат да ги оставаат ковертите наменети за наградната игра „Фискална во рака - награди без мака“, и да вршат уплата за игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија.

Точната локација на ова продажно место е веднаш до Кафе ТРЕНД на плоштадот Македонија, поточно движејќи се од Плоштадот кон „стар“ МЦ Доналдс , од десната страна на улицата.

Продажното место МПМ Прес ќе работи од понеделник до четврток во периодот од 7 до 24 часот, во петок и сабота од 7 до 1 часот и во недела од 9 до 22 часот.

19.02.2014 - 17:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега