Градоначалникот на Прилеп: Во духот на христијанството му простувам на поглаватарот на ИВЗ

 

Градоначалниокот на Прилеп Марјан Ристески ја објасни изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница, велејќи дека доколку станува збор за неговиот реален профил на Фејсбук, тогаш во Исламската заедница недостасува лидерство и визија и недостиг на авторитет на нејзиниот прв човек, кој очигледно не можел да ги реши внатрешните проблеми во ИВЗ, пренесува Плусинфо

Ова беше реакцијата на градоначалникот на Прилеп за статусот на поглаватарот на ИВЗ "Изгледа дека остана само Марјан Рис да се соочи со казната на Алах Семоќниот“.

- „Затоа, ваквиот негов обид со кој се става во улога на радикал над радикалите, иако не сум од исламската вероисповед го замолувам неговиот Алах да му даде сила да остане доследен на принципите на неговата вера кои повикуваат на толеранција, и разбирање наместо да прави работи кои не му доликуваат на лидер на една верска заедница чија работа е да сполотува, а не да разединува и создава тензии. Во духот на христијанството му кажувам дека од мене му е простено за оваа неспретна, необлислена и несреќна изјава“, додава Ристeски. 

Ристески апелира до сите, погодени од оваа изјава да се воздржат од каква било реакција бидејќи целта е да се предизвика проблеми и контрареакции, и порачува наместо невкусни, дегутантни и приземни провокации „да ги збиеме редовите и да гледаме понапред од оние кои сакаат да предизвикаат проблеми“.

19.02.2014 - 16:08
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега