Стипендии за 47 талентирани ученици од Охрид
Талентирани ученици од охридските основни и средни училишта, како и редовни студенти кои своето образование го стекнуваат на државните универзитети во земјава, ќе добиваат стипендии од локалната самоуправа во текот на девет месеци од наредната учебна година. За ова денеска информираше градоначалникот Никола Бакрачевски.
- Ние како локална самоуправа и во иднина ќе ги следиме нивните успеси, таленти во одредени области. Како одговорна самоуправа ќе дадеме поддршка на нивниот развој , во интерес на издигнување на општите вредности на заедницата, изјави градоначалникот Бакрачески посакувајќи им успех во образованието на добитниците на стипендии.
Учениците месечно ќе добиваат по 1.500 односно две илјади денари, зависно од степенот на образование.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа