Од задутре започнува да се применува Законот за стечајци

 

Владата на Р.Македонија неодамна го донесе законот за материјално обезбедување на невработените лица по основ на стечај, ликвидација и технолошки вишок.

Министерот за труд и социјала, Диме Спасов, денеска изјави дека од овој петок че започне да се применува Законот за стечајците.

-Сите оние кои што останале без работа во периодот од 2000 година до 31.12.2013 година, а имаат работен стаж повеќе од 25 години и работеле во претпријатија во доминантна сопственост на државата имаат право веќе од петок и во наредните 30 дена да поднесат барање до Агенцијата за вработување на Р.Македонија и да добијат материјално обезбедување во износ од 7.100 денари и плус здравствено осигурување, истакна министерот Спасов.

Со овој закон ќе  им се помогне на 3000 невработени граѓани.

19.02.2014 - 15:15
Фото: 
либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега