Учениците од економското во Гостивар тврдат: Не симулиравме труење

 

Учениците и вработените од средното економско училиште во Гостивар, кои во петокот побараа медицинска помош откако се пожалија симптоми на труење, денеска изјавија дека навистина имало симптоми на труење, и според нивните зборови тоа не биле симулации.

- Бараме од сите институции, што побрзо да го расветлат случајот, а партиите да не го злоупотребуваат настанот, рече Јасмина Асани, професор во СЕОУ Гостивар, која беше една од хоспитализираните професори.

Соопштението со реакцијата од средношколците беше прочитано само на албански јазик, а по инсистирање на новинарите еден од учениците се потруди на македонски јазик да објасни на што се однесува нивната рекација.

За потсетување, по извршените анализи од клиниката за токсикологија и Судска медицина вчера излегоа со информација дека кај учениците и професорите не биле пронајдени никакви траги на труење. Вештачењата на МВР покажале дека во брисевите и облеката на учениците немало присуство на отровни супстанци. Во петокот 60-тина вработени и ученици од албанските паралелки во економското училиште во Гостивар побараа лекарска помош жалејќи се на отежнато дишење, печење на очите и гребење во грлото.

19.02.2014 - 14:14
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега