Во рамки на 85. седница 112 закони по скратена постапка
Собранието ќе ја почне денешната 85. седница по пауза од еден час. Пратениците, иако присутни во салата, не успеаја да го усвојат дневниот ред на кој се додадени 112 закони за донесување по скратена постапка.
- Дали е државата во вонредна или можеби во воена состојба за која не знаеме штом се носат 112 закони по скратена постапка во еден ден?, го прашаа Горан Сугаревски и Горан Мисовски претседателот на Собранието Трајко Вељаноски
Според Сугарев,ваквиот потег на Владата е со единствена намера, да се прикријат катастрофалните измени на Законот за државни службеници, а на ова собранискиот спикер реагираше со објаснување дека е негова должност, согласно Деловникот, доставените законите од секој овластен предлагач, вклучувајќи ја и Владата, да ги стави на дневен ред, а дали ќе бидат прифатени или не, е работа на Парламентот.
- Никој тука не може да го ограничува правото на предлагање. Минатата собрансика седница Вие поднесовте два закона по скратена постапка кои ги ставив на дневен ред и беа разгледани. Тоа е моја должност, да ги ставам на дневен ред сите закони доставени од овластен предлагач, истакна Вељаноски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа