Отворен ден на полкот за специјални операции на АРМ

 

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе се одржи Отворен ден на полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, на кој пред посетителите ќе бидат изложени борбените средства, техниката и опремата со кои е опремен полкот. 

„Волците“ и „ренџерите“ на АРМ, ќе демонстрираат и дел од обуката на мултифункционалната алпинистичка кула, тактичка вежба „блиска борба - заседа“, обука за обезбедување високи воени раководители, употреба на беспилотни летала и хеликоптер, а ќе ја презентираат и обуката во боречки вештини. 

Отворениот ден се одржува во рамките на одбележувањето на јубилејот „20 години сили за специјални операции“ и Денот на пСО, кој оваа единица го прославува на 1 март. 

19.02.2014 - 08:59
Фото: 
Утрински

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега