Пратениците денеска со полни раце работа

Maкедонските пратеници денеска ќе ја одржат 85-тата седница на чиј дневен ред се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за вработување и работа на странци, на Законот за социјалната заштита и на Законот за агенциите за привремени вработувања, сите во второ читање. 

На седницата ќе се расправа и за Предлогот за именување член на Регулаторната комисија за енергетика, како и дополнетите предлог закони за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, и на Законот за здравствената заштита, трите во второ читање.

На дневен ред е и Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2014 година и Предлог одлуката за одобрување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициски активности на радио програмите наменети за соседните земји и Европа на странски јазици за 2014 година.

Пратениците треба да ги изгласаат и предлог одлуките за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција во Авганистан во состав на меѓународните сили за безбедносна поддршка на Авганистан - ИСАФ, и за учество во мировната операција на Европската унија во Босна и Херцеговина ЕУФОР, АЛТЕА.

На дневен ред се и повеќе законски решенија во второ читање, како и деведесетина предлог-закони за изменување и дополнување на постоечки закони по скратена постапка.

19.02.2014 - 08:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега