Груевски работно во Австрија и Германија

 

Maкедонскиот премиер Никола Груевски од денеска ќе престојува во тридневна работна посета на Република Австрија и Сојузна Република Германија.

Според најавите, Груевски попладнево во Виена ќе оствари средба со австрискиот канцелар Вернер Фајман.

Во Виена и Минхен ќе се одржат бизнис форуми со цел привлекување странски инвестиции, на кои премиерот Груевски ќе има обраќање пред австриските и германските бизнисмени. Форумите се во соработка со реномираната групација Фајненшл Тајмс, која учествува во организирањето на настаните со цел привлекување странски инвеститори. Првиот ваков бизнис форум се одржа во Лондон, по што следеше во Париз, двата во декември минатата година.

Македонската делегација, која ја сочинуваат и вицепремиерот за економски прашања и директорот на Дирекцијата за технолошко -индустриски развојни зони, Виктор Мизо, ќе посети и неколку болници и компаниии во Виена и Минхен.

 

18.02.2014 - 08:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега