Од денеска нови канали на MaxTV - проверете кои

Од денеска MaxTV пакетите се збогатени со два нови канала: 24 Kitchen и FoX ТВ, кои покриваат различни сфери за кои постои голем интерес кај корисниците.

MaxTV корисниците преку 24Kitchen ќе можат да дознаат се за храната и да научат рецепти од различни краишта на светот, притоа следејќи ги добро познатите шоу изведби во кујната на Џејми Оливер, Јолисима, рецептите на британскиот модел, готвач и слаткар, Лорен Паскал, како и патувањата по многуте светски егзотични локации на шеф-готвачот, автор и телевизиската личност Ентони Бурдеин.

Познатиот серијал Симпсонови како и многу нови филмски содржини ќе може да се следат на FOX ТВ каналот, кој ќе биде достапен под реден број 502, на кој досега корисниците го гледаа Fox Crime. 24Kitchen е достапен под реден број 601, на кој досега можеше да се следи BBC Entertainment.

FOX ТВ каналот е достапен за сите  MaxTV  корисници, додека пак корисниците на МaxTV Basic пакетот кои сакаат да ги следат содржините на 24 Kitchen, можат да побараат миграција во еден од останатите MaxTV пакети, на кој овој канал е достапен.

Дополнително, се информираат MaxTV корисниците дека каналот Fox Crime набрзо ќе биде комплетно згаснат, а на негово место се воведува FOX ТВ каналот со поквалитетни и позабавни содржини.  

најчитано сега