Им ветил дека ќе им среди свирка во странство - прилепчанец измамил музичари
Младо момче од Прилеп си заработи кривична пријава за измама.
Се работи за 21-годишниот Џ.Д. кој го измамил 32-годишниот сограѓанин А.А. член на музичка група, како и останатите членови, од кои земал околу 47.000 денари ветувајќи им дека ќе им среди да свират на приватна забава во странство.
Кога сфатиле дека се измамени, прилепчаните го пријавиле случајот во полиција.
17.02.2014 - 12:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа