Бесими ќе се обрати во Центарот за Европски политики во Брисел
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, утре во Брисел ќесе обрати во Центарот за Европски политики, на тема „Европската иднина на Македонија – перспективите и предизвиците“.
Центарот за Европски политики е независна организација посветена на интеграциите во ЕУ и работи според најсовремените европски и глобални начини на водење политика со што обезбедува најбрзи и најквалитетни информации и анализи од ЕУ и глобалната политичка агенда. Во Центарот Бесими ќе говори за остварените реформи и предизвиците со кои се соочува Република Македонија на патот кон Европска унија.
Бесими ќе се сретне и со директорката на Директоратот за проширување на Европската комисија Александра Кас Грање, како и со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа