Јанакиески: Новите инвестиции ќе го зголемат бројот на туристи во Дојран

 

 

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска на отпочнувањето на реконструкцијата на улицата „Ратко Митровиќ 2“ во село Драчево, истакна дека за патеката во Дојран веќе има склучено договор со изведувач, и се очекува најкасно во првата недела од март месец веќе да започнат градежните активности.

-Се работи за патека нешто повеќе од 2 километри, со тоа целосно ќе се поврзат Нов и Стар Дојран и тоа ќе биде една дополнителна атракција за голем број на туристи, чиј број се зголемува од година во година. Очекувам во март месец да започнат градежните работи и најкасно до крајот на оваа година целосно да биде изградена таа патека, што е продлжение на постоечката, рече Јанакиески.

Во однос на плажите, како што нагласи Јанакиески, во текот на наредната недела ќе има јавна ауција.

-Очекувам до крајот на месец февруари, доколку се биде во ред да се склучи договор исто така и за плажата од 600 метри во Дојран. Се работи за една инвестиција која драстично ќе ги подбри условите во Дојран. Плажата ќе биде автентична, онака како што граѓаните ја избраа на јавниот повик, значи современа плажа, со пристап, со паркинг, со тоалети, со шанкови, песок, чадори, значи се она што граѓаните го одбраа, рече Јанакиески.

Како што нагласи министерот, очекува тоа да биде една од главните заложби со цел до почеток на летната сезона оваа плажа биде целосно направена. Јанакиески рече дека очекува со овие две инвестици бројот на туристи во Дојран уште повеќе да се зголеми.

16.02.2014 - 14:08
Фото: 
курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега