Научниците открија што го спречува ширењето на ХИВ вирусот

Научниците од Универзитетот во Луизијана откриле дека марихуаната би можела да го спречи ширењето на ХИВ вирусот во човечкиот организам.

Научниците секојдневно во период од 17 месеци  на мајмуни инфицирани со животински вид на ХИВ вирусот им вбризгувале одредена доза THC, состојка која се наоѓа во канабисот, а при тоа дошле до откритие дека марихуаната помага бидејќи откриле дека  дека оштетеноста на стомачното ткиво, каде вирусот  најлесно се шири, е намалена.

 ХИВ вирусот ги инфицира и ги убива клетките на имунолошкиот систем, а кај мајмунот кој секојдневно примал THC доза задржано е повисоко ниво на здрави клетки.

15.02.2014 - 15:34
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега