Грипот ја зеде и четвртата жртва во Македонија
Грипот ја зема и својата четврта жртва во Македонија, објавува МРТ, повикувајќи се на извори од Клиниката за инфективни болести. Од клиниката најавиле дека деталите за случајот ќе бидат отриени на прес-конференцијата закажана за 11 часот.
Податоците на Институтот за јавно здравје велат дека од почетокот на сезоната 2013/2014 година, од грип заболеле вкупно 10.934 лица. Само во последната недела, заболеле нови 3.156 грипосани лица.
Тоа е за речиси 30 % повеќе отколку во истиот период лани, кога имало 2.434 заболени. Најголем број на заболени има во Кавадарци, каде се регистрирани дури 1.973 болни лица. 7.096 од лицата заболени од грип се на возраст од 15 до 64 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа