Студентите од ветерина на обука за регистрација на миленичиња

 

На Факултетот за ветеринарна медицина денеска ќе се одржи обука за идентификација и регистрација на домашни миленичиња (микрочипирање).

Обуката наменета за студентите, е организирана од Студентскиот парламент на Факултетот за ветеринарна медицина, по иницијатива на Студентскиот парламент на УКИМ. Таа ќе се реализира во три часа, со теоретски и практичен дел, од проф. д-р Пламен Стројачанец.

Следните две недели сите студентски парламенти на сите факултети на УКИМ ќе спроведуваат обуки поврзани со практичниот дел од својата настава. Предавачи ќе бидат професори, но и практичари, експерти од областа. Целта е поголема вклученост на студентите во општествениот живот и нивно приближување до праксата. 

14.02.2014 - 09:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега