Лажната дојава за бомба во Тетово - прво лажно пријавување годинава
Пораката за поставена бомба во дворот на тетовското основно училиште „Братство Миѓени“ е прв настан на лажно пријавување на бомба регистриран годинава, велат во денешното соопштение од МВР.
Како што вчера објави Пресс24, малолетник побарал 100.000 денари од директорката на основното училиште „Братство Мигени“ од Тетово за да не ја активира бомбата која тврдеше дека ја поставил во зградата.
Според податоците кои денеска ги објави полицијата, ова е прв ваков случај на лажно пријавување годинава.Минатата година имало шест анонимки од кои четири се расчистени и документирани, а против лажните пријавувачи се поднесени соодветни пријави. Притоа расчистени се случајите со лажните дојави за “подметнати бомби“ во ТВ Сител, во СУ „Арсениј Јовков“, во Германската амбасада, како и во Министерството за економија, додека пак се уште се работи на идентификување на лицата кои лажно пријавија бомби во ТЦ Рамстор и на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Во 2012 година беше регистриран само еден случај на лажно пријавување бомба во угостителски објект во Охрид по што сторителот веднаш беше откриен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа