Обвинетите во Монструм добија 30 дена притвор од косовскиот Истражен суд

Денеска првообвинетите за убиството, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири беа изведени пред истражниот судија кој им одреди притвор од 30 дена.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека идентитетот го потврдиле со отпечатоци и ДНК-анализа.

Прв кој го потврди нивниот идентитет е нивниот адвокат, Насер Рауф. Тој вели дека е во постојан контакт со роднините на уапсените, кои кажале дека се информирани само за тоа дека осомничените се приведени. 

Инаку, на 12 април минатата година беше извршено петкратното убиство кај Смилковското Езеро.

најчитано сега