МВР негира: Во Косово нема да се патува само со лична карта

 

Министерството за внатрешни работи денеска апелираше медиумите кои објавиле дека во Косово од март ќе може да се патува само со лична карта, да не ги доведуваат во заблуда граѓаните со непроверени информации.

- Во моментот кога ќе биде постигнат договор МВР на Република Македонија, ќе ја информира јавноста, како и вообичаено, стои во соопштението од МВР.

Од МВР информираат дека им стоело и им стои на располагање на граѓаните и медиумите за проверка на сите информации и прашања кои се од нивен интерес, а се во доменот на работа на министерството. 

12.02.2014 - 16:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега