Крушево - престолнина на културата за 2014
Општината Крушево со понудената програма ги исполнува условите да биде престолнина на културата во 2014 година, одлучи Комисијата за избор на град на културата по разгледувањето на апликациите пристигнати на Конкурсот за финансирање проект од национален интерес за манифестацијата „Град на културата за 2014 година“, соопшти Министерството за култура.
Програмата содржи конкретни, квалитетни и разновидни културни содржини, а е збогатена и со традиционални фестивали и манифестации кои ќе бидат реализирани под еден белег „Град на културата 2014“. Предвидени се музички манифестации од сите жанрови, литературни читања, изложби на реномирани уметници, одбележување на значајни јубилеи на личности и дела, театарски фестивал на млади актери, концерти на духовна музика и промоции. Во програмата ќе учествуваат уметници од сите генерации.
Според Комисијата, со изборот на Крушево за Град на културата за 2014 година, ќе се придонесе за унапредување на културата во овој регион, за достапност на граѓаните до културните вредности и нивно масовно користење, како и за заживување на културата на локално ниво, а ќе се поттикне културниот туризам во регионот, стои во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа