Голема посетеност на веб сервисите наменети за невработените

 

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска на прес-конференција изјави дека има голем интерес и посетеност на новиот веб сервис на Агенцијата за вработување и новата мобилна апликација prv.mk, каде сите невработени лица имаат можност да се информираат за сите можности за работа што им се нудат.

- Задоволен сум од досегашната заинтересираност на граѓаните и на младите луѓе за овие веб сервиси. Новиот веб сервис на Агенцијата за вработување има вкупно 326 илјади прегледи и 94 илјади посети. Од страна на физички лица отворени се околу 21.660 профили, додека пак правните лица отвориле вкупно 2.897 профили, истакна Спасов.

На мобилната апликација prv.mk, која е наменета пред се за младите има креирано околу 3.300 уникатни профили за 14 до 20 дена откако е промовиран овој веб сервис.

12.02.2014 - 13:49
Фото: 
Влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега