Заврши драмата со бомбата во Тетово - прочитајте што напишал заканувачот во писмото
Нема бомба во тетовското основно училиште Браќа Миѓени. Полициски извори за Press24 потврдуваат дека го завршиле пребарувањето на училишната зграда и дека во нема нема експлозивна направа, што значи дека наставата може да продолжи редовно да се одвива.
Press24 дојде и до содржинат на писмото кое преку e-mail до директроката на училиштето го испратил извесен човек кој се претставил како „Лудак ретардиран“
„Почитувани, Во училиштето е поставена бомба која ќе биде активирана доколку не ми доставите 100.000 денари. Парите барам да бидат оставени позади дрвото на левата страна од училишниот двор. Времето ви е кусо.“ - стоело во заканувачкото писмо.
Освен директорката, заканувачот писмото го испратил и на уште осум професори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа