Коњановски: Ветив дека ќе им помогнам на лозарите на кои винаријата Винеја им должи пари и тоа го правам

 

Коњановски денеска во Кавадарци се сретна со лозарите на кои винаријата Винеја им должи за пордаденото грозје од пред неколку години и со преставник од винаријата со цел за решавање на проблемите на овие лозари.

На Коњановски ова му е трета средба во Кавдарци за решавање на овој проблем, истакна дека  дека се намалува бројот на лозарите на кои им должи винарницата, која доби решение од Државниот инспекторат за земјоделство до 1 март да ги исплати сите лозари.

- Им ветив на лозарите дека ќе помогнеме во рамките на нашите можности и еве за неколку денови третпат сум овде во Кавадарци. Упатуваме јасна порака дека нема да ги оставиме лозарите самите да се борат против своите проблеми. Напротив, како Влада и како Министерство, но и како луѓе имаме одговорност да им помогнеме. На средба од пред неколку дена увидовме дека се уште имаше лозари на кои Винеа им должи од пред неколку години. Во два наврати ги прочистивме сите списоци. Нашиот инспекторат за земјоделство, шумарство и водостопанство беше во посета на Винеа и детектирани се сите оние лица на кои им се должи, изјави Коњановски.

На лозарите досега им се исплатени околу600 илјади денари , а остануваат околу 2.5 милиони  за наплата.

- Ние не бегаме од проблемите. Напротив, сакаме да ги решаваме. На некој начин се имаме обврзано за таа работа. Најлесно беше да им одговориме на лозаропроизводителите дека ние не сме надлежни и дека треба да ја тужат винаријата, дека  судовите тоа ќе си го средат. Но, ние не постапивме така. И дури не се решат проблемите, дури не се исплати до последно зрно, ние ќе ги користиме сите расположливи инструменти кои ни се на располагање како институции за да им помогнеме на производителите на грозје да си ги добијат парите кои ги заслужуваат, нагласи заменик министерот.

Исто така тој соопшти дека во склоп на  годишната програма и законот, почна исплатата на субвенциите за 2013 година за површина под лозов насад кон лозарите. 

- Законскиот рок за исплата на овие субвенции е до средината на 2014 година.  Но, ние еве ги исплатуваме откако беа направени сите неопходни контроли, истакна Коњановски.

 

11.02.2014 - 13:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега