Ставрески: Само 3 земји во Европа должат помалку од Македонија - СДСМ продава сензационализам

 

Министерот за финансии Зоран Ставревски денеска истакна дека состојбите со долгот без разлика дали е државен, јавен, гарантиран или долг на НБРМ се транспаретни и досега објавувани на веб страницата на Министерството за финансии, па поради тоа не му е јасно зошто има толку непотребен сензационализам во настапите на СДСМ околу ова прашање.

- Мислам дека има голема доза на непотребен сензационализам во настапите на СДСМ околу ова прашање бидејќи нема ништо ново. Се користи податок којшто е објавен во претпристапната економска програма од минатата година. Тоа е податок што од септември 2012 до септември 2013 година беше објавуван на сите веб страници како претпристапна економска програма. Значи секој оној што сака да ги добие овие податоци има мноштво извори од каде може да ги црпи овие податоци, изјави вицепремиерот Ставрески, по денешната прес-конференција.

Министерот уште еднаш потенцираше дека дека Македонија е земја со четврт најнизок долг во Европа.

11.02.2014 - 13:40
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега