Грипот зема замав во Гевгелија - рекорден број заболени за една недела

Грипот зема замав во Гевгелија. Во  Центарот за јавно здравје во текот на минатата недела биле регистрирани нови рекордни 126 случаи на заболени од грип, што е најмногу до сега од појавата на грипот. 

Од почетокот на сезоната во Гевгелија се евидентирани 203 заболени од грип и статистички општината е меѓу најстабилните региони во земјата по мал број заболени.

Во ризичната група пациенти се постарите од 65 години, хроничните болни, лицата со малигни заболувања и оние со намален имунитет.

Годинава биле потрошени 600 вакцини против сезонскиот грип.

11.02.2014 - 12:42
Фото: 
бркајработа

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега