Германија ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

 

Делегација на Собранието на Република Македонија замина во посета на Берлин.

Делегацијата во чиј состав се пратениците Антонио Милошоски, Александар Спасеновски, Христина Рунчева, Сузана Салиу и Ермира Мехмети, синоќа имаше средби со пратениците Петер Вајс, претседател на Парламентарната група за Југоисточна Европа на германскиот Бундестаг, како и со Торстен Фрај, член на парламентарната Комисија за надворешни работи и прашања поврзани со Европската унија, на кои се разговарало за можностите за интегрирање на Република Македонија во Европската унија и грчко-македонскиот спор за името.

На средбите уште еднаш беше искажана поддршката која што Германија и ја дава на Република Македонија за поскоро зачленување на нашата земја во ЕУ и НАТО.

11.02.2014 - 11:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега