Венизелос наредната недела во посета на Македонија

 

Следната недела грчкиот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос, доаѓа во Македонија. Шефот на грчката дипломатија заминува во тридневна посета на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и нашата земја. 

Грчкиот весник „Етнос“ пишува дека оваа посета предизвика голем интерес бидејќи "Ова е првпат Венизелос да го посети Скопје како министер за надворешни работи". Весникот пишува дека и покрај европската перспектива на соседната земја, очигледно е дека разговорите во Македонија ќе бидат фокусирани и на горливото прашање за името кое е во неизвесност, јави МИА.

И грчкиот „Катимерини“ пред неколку дена напиша коментар за претстојната посета на шефот на грчката диломатија на регионот, при што нагласи дека „тој брза да го убеди Балканот, дека и покрај економската криза изгледите за проширување се уште се живи, иако ова прашање не е меѓу приоритетите на грчкото претседателство“.

11.02.2014 - 09:59
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега