Канческа-Милевска во работна посета на Велс

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска денеска престојува во еднодневна работна посета на Велс.

На средбата било констатирано дека Република Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска имаат традиционално добри односи во областа на културата, што е потврдено и преку реализацијата на значајни проекти кои придонесуваат за продлабочување на соработката меѓу двете земји, но со можност за реализација на многу нови проекти.

- Министерката Канческа-Милевска го изрази своето задоволство од досегашната соработка во областа на културата како и од поддршката од страна Обединетото Кралство во  напорите на Република Македонија за зачленување во Европската унија. Канческа-Милевска потенцираше дека развојот на културата е значаен сегмент на културната политика на Министерството за култура, а нејзиното унапредување претставува приоритет и на Владата на Република Македонија, која вложува средства и на различни начини придонесува за нејзина активна промоција, соопшти Министерството за култура за еднодневната посета на Канческа-Милевска.

Канческа-Милевска, оствари средби со директори на повеќе институции,  а ги посети и Националниот музеј на Велс, организацијата „Велс Арт интернационал“ како и Велшкиот кралскиот колеџ за музика и драма.

10.02.2014 - 16:49
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега