Груевски ги претстави можностите за инвестирање во Македонија пред Макино
Претседателот на Владата на Република Македонија,Никола Груевски, денеска оствари средба со парламентарниот заменик министерот за надворешни работи на Јапонија, Такао Макино.
Соговорниците ги поздравија односите кои постојат меѓу двете земји и изразија задоволство од трендот на нивното постојано унапредување кое се реализира и преку дијалог на високо ниво.
Двете страни ја истакнаа значајноста за унапредување на економската соработка, особено на полето на инвестициите, при што премиерот Груевски ги претстави поволностите и предностите кои нашата земја ги овозможува на странските инвеститори за отворање на бизнис и нови работни места во Република Македонија.
Премиерот Груевски и заменик министерот Макино дадоа позитивна оценка за досегашната соработка на проектите кои се реализираат во нашата земја, а во кои учествува и јапонската влада, при што беше разговарано и за можностите за воспоставување на дополнителна соработка во оваа насока и на други проекти.
Двајцата соговорници ја нагласија посветеноста и заедничките заложби за понатамошно унапредување на соработката во сите полиња од взаемен интерес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа