Внимавајте: Лажни гатачки мамат граѓани во Гостивар

 

Гатање, лажни ветувања, понуди за здравстевна помош и купување украдени електрични броила. Ова се најчестите измами кои ги имало во Гостивар минатата година.

Најголемиот број од пријавените случаи се целосно расветлени и соодветно заокружени со поднесоци, односно со 16 кривични пријави против 17 сторители.

Според видот, најмногу од пријавите се однесуваат на измамени граѓани на кои поединци им продале или монтирале претходно украдени електрични броила по пониски цени од пазарните. Во два случаи граѓани наседнале на понудените услуги на гатачки. Во исто толку случаи ветувани се документи за патување и престој во странство, а во еден случај „наивен“ гостиварец остал без крава и пари откако се согласил познаник да ја продаде на трето лице.

- Досетливоста на измамувачите во последно време е мошне голема. Тие, исклучително убедливо им продаваат измислени приказни на нивните, „жртви“ и набрзина се стекуваат со материјална или друга корист. Гатачките и претскажувачите на иднина, откако претходно добро ќе се распрашале за нивните клиенти и експресно ќе им поставеле здравствени, љубовни, финансиски или поинакви дијагнози, вели Марјан Јосифоски портпрол на СВР Тетово, пренесе МИА.

Од полицијата апелираат да не се наседнува на вакви измами.

10.02.2014 - 15:26
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега