Штипјанец убил сограѓанин - си заработи 13 години затвор
Штипјанец ќе помине 13 години во затвор поради убиство на свој сограѓанин. Се работи за 42-годишниот Кирчо Мицов кој го убил сојот 46-годишен сограѓанин, Стоиле Максимов.
Мицов делото го сторил со умисла ноќта меѓу 6 и 7 мај 2013 година. Тој убиството го извршил со удар со тврд предмет. Телото на Максимов во неговиот стан беше пронајдено по пет дена, откако соседите и неговиот татко ја аламирале полицијата насилно да влезат во станот во штипската населба 8 Ноември, јави МИА.
Бранителот, Драган Гаџов истакна дека пресудата ќе биде обжалена, а како што рече била незаконска, бидејќи била донесена без докази дека токму Мицов го извршил делото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа