Утре пролет среде зима - температури до 19 степени

Утре повторно ќе му се радуваме на сонцето. Времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а долж Повардарието ќе достигне и до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до пет, а дневната од 14 до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе е спушти до три, а дневната ќе достигне до 17 степени.

 

10.02.2014 - 13:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега