„Комитите" направиле хаос - претепале малолетници повредиле полицаец и демолирале автобус
Во текот на вчерашниот ден околу 17 часот, група од 40 навивачи на навивачката група Комити, во автобус со број 2, без никаква причина нападнале неколку малолетни лица, при тоа оштетувајќи го автобусот.
Во периодот помеѓу 18 и 20 часот, во Спортскиот центар Борис Трајковски, за време на натпреварот меѓу екипите на РК Вардар и РК Динамо Минск од Украина, дошло до меѓусебна пресметка меѓу навивачите. Комитите со камења фрлале кон натпреварувачкиот простор, а потоа откако интервенирала полицијата, неколку полицајци биле навредувани, а ситуацијата кулминирала кога еден од групата навивачи фрлил тврд предмет кон еден од полициските службеници, со што го повредил во пределот на главата.
Во врска со настанот, приведени се 21 лице, од кои 12 се малолетни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа