Седници на две собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат Комисијата за економски прашања и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за економски прашања се измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, по скратена постапка и на Законот за техничка инспекција, во второ читање, додека Законодавно-правната комисија ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, по скратена постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа