Украден сеф со 165.900 денари од спортска обложувалница во Битола

 

Уште една спортска обложувалница мета на крадци. Според податоците од полицијата, се работи за спортската обложувалница Моцарт лоцирана на улицата „Прилепска“ во Битола каде засега непознат сторител влегол и одзел метален сеф во кој имало 165.900 денари.

Кражбата се случила околу пет часот.

Полицијата трага по сторителот.

10.02.2014 - 10:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега