Ќе се отвара саркофагот на Гоце Делчев - ќе се реши енигма стара седум децении?

 

Седум децении откако во белиот камен саркофаг се ставени коските на Гоце Делчев, останува прашањето, кој е  уметникот што го смислил и го направил ова обележје?

Како што пишува Дневник, за вечното почивалиште на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ се знае речиси сe, освен најважното. Со години траат обидите да се дознае авторството, но залудно. Токму во потрагата по името на авторот не се исклучува можноста по цели седум децении да се отвори камениот саркофаг за да се провери дали уметникот својот потпис можеби го оставил во внатрешноста.

Ова отворање би можело да се искористи и за употребување на најновите технолошки достигнувања што може да дадат одговор на уште една мистерија - дали во саркофагот се сите коски на Делчев или неколку недостигаат, но сепак, за оваа идеја треба да се консултираат надлежните институции.

Повеќе прочитајте на Дневник.

10.02.2014 - 10:17
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега