Сонцето не е оправдување: Полицајците делат казни доколку немате зимска опрема во автомобилот
Сончевото време нема да ви биде оправдување пред полициските службеници доколку ве запрат и ви побараат да ја покажете зимската опрема во Вашиот автомобил. Согласно законот, обврската за задолжително поседување на зимска опрема во автомобилот важи од 5 ноември до 15 март.
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа