Граѓаните во дијаспората да се пријават за гласање до 7. март
Македонските државјани кои живеат во странство до 7 март можат да се пријават за гласање напретседателските избори, во македонските дипломатски претставништва или преку интернет страницата на Државната изборна комисија.
Пратеникот од американската изборна единица, Павле Саздов кој е во посета на САД и Канада, вели дека на средбите со граѓаните најголем број од поставените прашања се за начинот на гласање.
- Во Северна Америка ќе се гласа во двете амбасади, во Вашингтон и во
Отава, како и во конзуларните претставништва во Њујорк, Чикаго, Детроит и Торонто. Откако изборите беа распишани, до заклучувањето на избирачкиот список, граѓаните треба да се пријават за гласање, така што ќе отидат до најблиското дипломатско претставништво, каде ќе пополнат пријава за гласање, и воедно ќе остават копија од македонскиот пасош и од документ со кој ќе покажат како престојуваат во САД или во Канада – значи копија од визата, зелената карта или од странскиот пасош доколку се двојни државјани, вели Саздов.
Другиот начин за пријавување за гласање е преку интернет страницата на Државната изборна комисија http://www.sec.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=100&Itemid=105,
http://www. каде може да се симне пријавата за гласање, која содржи и информации како граѓанинот може да се пријави за гласање.
Пополнетата пријава, заедно со скенирани копии од македонскиот пасош и од документот со кој се докажува привремен престој или работа во странство, потоа треба да се испратат на интернет адресата на Државната изборна комисија.
За македонските граѓани во Северна Америка интернет адресата на која
треба да се пратат е [email protected].
Претседателските избори закажани за 13 април ќе бидат првите на кои
македонската дијаспора ќе има право на глас. Гласањето во дијаспората ќе се одржи еден ден претходно, на 12 април. Пратеникот Саздов вели дека за секое гласачко место на кое ќе има над 1.000 пријавени гласачи, ќе се отвори дополнително гласачко место, односно ќе се испрати уште една изборна комисија, за да се овозможи полесно гласање.
Саздов е на средби со македонската дијаспора во Чикаго, а следната недела ќе одржи средби во македонските цркви во Детроит и Виндзор. Почнувајќи од 21 февруари, Саздов ќе одржи средби со граѓаните во Њујорк и Њу Џерси.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа