Испразниле три сефа и си заминале богати - филмска кражба во црквата „Св. Илија“
Тешка кражба и обид за кражба се случиле во две цркви во тетовско во текот на изминатата недела, информира портпаролот на тетовската полиција Марјан Јосифовски за МИА.
Кражбата во црквата „Свети Илија“ во тетовското село Стенче ја пријавил 64 годишниот М.М. Кражбата се случила во периодот од минатата недела до овој петок.
Засега непознати сторители го скршиле прозорецот од трпезаријата на црквата, но, откако сфатиле дека не можат да влезат преку прозорец, насилно ја отвориле вратата од црквата и си влегле внатре. Тие со копач скршиле и отвориле два метални и еден дрвен сеф и од нив одзеле 43 илјади денари. Внатре во црквата крадците оставиле машина за сечење метал. Полицијата трага по сторителите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа