Обвинителството со фотографии кои го отсликуваат карактерот на обвинетите во Монструм

Обемни класери со писмени докази, се изведоа на вчерашното рочиште во Монструм, пренесува Академик. На истите кои беа прикажани преку видео бим, можеше да се забележи контроверзна содржина: Алах и Џихад, како и заеднички фотографии на обвинетите кои позираат со калашникови и во домашна атмосфера и во природа. Ваквите писмени докази полицијата ги открила во компјутерите на обвинетите.

На една од фотографиите може да се забележи и логото „Solidiers of Alah“,  а истата била откриена во компјутерот на Агим Исмаиловиќ.  

Во компјутерот на обвинетиот Хаки Азири кој во последен момент се предомисли и го изгуби статусот на заштитен сведок, па стана обвинет во постапката, пронајдена е фотографија на која стои натписот „Џихад“. Обвинетиот му појасни на судот дека тоа всушност значи Света војна.

 

07.02.2014 - 17:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега