Благодарение на доктор Хаус му го спасиле животот

 

Педесет и пет годишен пациент во Германија имал низа симптоми кои се влошувале, а лекарите не успевале да ја откријат причината. Неговото срце почнало да откажува, видот и слухот се влошиле, а пател и од желудечен рефлукс, отечени лимфни жлезди и необјаснива температура.

Идејата за причината за проблемот се појавила благодарејќи на една од епизодите на популарната телевизиска серија „House M.D.", во која генијалниот доктор Грeгори Хаус поставува дијагнози за нерешливите случаи.

Така еден од лекарите , се сетил на епизодата во која тимот на Доктор Хаус се сомневаше на труење со кобалт. Сомнежот се потврдил и во вистинскиот живот и откриено било дека причина за проблемот е истрошениот вештачки колк кој бил заменет со керамички.

„Набргу по замената на колкот концентрацијата на кобалт и хром во крвта почна да се намалува и здравствената состојба на пациентот се стабилизираше", се наведува во приказот на случајот.Година дена по замената на дотраениот вештачки колк работата на срцето се подобрила за 40 отсто, немало повеќе температура, како ни желудечен рефлукс. 

Серијата „House M.D." е работена според вистински медицински случаи, кои веќе неколку пати им се од помош на лекарите. 

07.02.2014 - 15:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега